Тема 4 Конзистентност на КП со барањата на ЦЕ

КП го поддржува системот на затворен круг на циркуларната економија бидејќи овозможува на производите да се воведат повторно во синџирот на снабдување. Следејќи го принципот на ЦЕ за минимизирање на отпадот, во КП, отпадот има вредност бидејќи се перцепира како ресурс на погрешно место. Производите што повеќе не се користат или не се посакувани од еден потрошувач, се распределуваат или тргуваат со употреба на дигитални платформи на друг потрошувач на кој истите му се потребни. Таа донесува нови можности за создавање вредност со интензивирање и максимизирање на нивната употреба, придонесувајќи за ефикасност на ресурсите и минимизирање на отпадот бидејќи тие би останале недоволно искористени или отфрлени иако се уште се функционални. Се охрабрува повторна употреба и пренамена на производи, следејќи ги овие две термини на моделот на ЦЕ.

Во еден систем производ-услуга во кој се продава користењето на производот наместо неговата сопственост, компанијата останува сопственик на производот цело време, додека потрошувачите само пристапуваат до него. Следствено, има стимулации за трошоците за компанијата да го дизајнира и произведува производот со висок квалитет и долготраен, спротивставувајќи се на планираната застареност и намалувајќи го отпадот. Ова е причината зошто КП често се смета за една од најдобрите опции за преминување од линеарна во циркуларна економија, бидејќи е една од најрелевантните одржливи бизнис модели за економија на круг. Сепак, позитивните влијанија врз животната средина преку подолга и поинтензивна употреба на производи се гарантираат само ако тие се ефикасни и дизајнирани да траат.