Тема 4: Како да се здобиете со ISO14001

Главните фази на ЕМS според стандардот ISO 14001 :

    1. Посветеност и политика :

Топ менаџментот се обврзува да изврши подобрувања во животната средина и ја одредува политика на животната средина на организацијата, која ќе биде основа на ЕМS.

    1. Планирање:

Прво, организацијата мора да ги идентификува аспектите на животната средина во нивното работење, а потоа да утврди кои аспекти се значајни со избирање критериуми кои се сметаат за најважни во политиката на организацијата. Штом се утврдат значајните аспекти на животната средина, една организација поставува цели (т.е. целокупна цел на животната средина) и таргети (т.е. детално/квантифицирано барање што произлегува од целите). На крај, организацијата треба да изготви аксионен план за исполнување на овие таргети: одговорности, распоред и чекори за исполнување на таргетите.

    1. Имплементација:

Организацијата го следи акциониот план користејќи ги своите ресурси (финансиски, човечки, итн.). Обуката и свеста е многу важна за сите вработени во оваа фаза. Други важни чекори во оваа фаза се документацијтаа, следењето на оперативните процедури и воспоставување внатрешни и надворешни линии за комуникација.

    1. Евалуација:

Организацијата мора да ги мониторира своите активности за да го процени достигнувањето на таргетите.

    1. Преглед:

Топ менаџментот ги разгледува резултатите од претходната фаза. Во зависност од резултатите, акциониот план се ревидира за да се оптимизира ефективноста на ЕМS. Оваа фаза е луп на постојано подобрување на организацијата.

За повеќе информации, кликнете тука.