Туризмот има важна улога од две причини:
Source: https://unsplash.com
„Секторот патувања и туризам може и мора да биде сила за добри нешта кога станува збор за одржливоста, со одржливоста во основата на целиот раст. Денес станува збор за преземање смела и долготрајна акција надвор од изолираните зелени иницијативи. Одржливоста не е прашање на кое треба секторот да се натпреварува, туку сите сме во ова заедно и мора да ги решиме климатските промени, движејќи се кон циркуларна или регенеративна економија. Како што гледаме во иднината, ни треба храброст и лидерство; цел и долгорочност; и потреба од разберање на моќта на партнерството и емпатијата за да водат значајна акција за климата. ”, според извештајот за глобалните економски влијанија и трендови на Светскиот совет за патување и туризам (2020).
Според Извештајот за конкурентност на патувања и туризам на Светскиот економски форум (2019), „Резултатите покажуваат дека идната побарувачка за транспортни услуги, особено во врска со авијацијата, може да го надмине подобрувањето на инфраструктурниот капацитет. Исто така, треба да се работи повеќе за да се осигура дека се зачувуваат културните и природните добра наспроти растечките туристички посети. Иако поголем број ратификации на договори за животната средина и подобрувања на глобалната просечна перцепција за одржливоста на патувањето и туризмот се охрабрувачки знаци, континуираниот пораст на уништувањето на шумите, загадувањето на воздухот и загрозувањето на видовите укажуваат на потенцијални празнини помеѓу политиката и спроведувањето. Важноста на природната средина за обезбедување привлечна локација за туризам не може да се прецени”