Тема 3 Студии на случај на решенија за пакување

Паметно-овозможено повеќекратно користење на чаши, старт-ап компанија: Бали, Сингапур, Хонг Конг

Кога нарачуваат храна или пијалоци на носење, клиентите можат да се одлучат за revolv чаша за повеќекратна употреба. На чашата се става депозит, кој ќе се врати по враќање на чашата во станицата за отпадоци или во кое било кафуле која учествува во оваа акција. Revolv им овозможува на корисниците поттик, вклучително и попусти, да изберат revolv чаша.

Revolv нуди неколку начини на функсионирање. Системите за повеќекратна употреба низ целиот град работат преку кафулиња и поголеми ланци и се потпираат на посветени услуги за подигање на чашите од точки за отпад, централизирани станици за чистење и ридистрибуција. Системите со затворена јамка за фестивали/настани, деловни згради и кампусите ги користат средствата за чистење што се достапни.

reCIRCLE е решение за пакување што може да се користи повеќекратно за храна за носење. Развиена во Швајцарија, секој важен град има повеќе од 100 ресторани кои ги предлагаат кутиите на reCIRCLE. Тоa е концепт за одземање на повеќекратни кутии предложени од ресторани и угостители. Врз основа на месечна претплата, ReCIRCLE им обезбедува на рестораните или услугите за јадење одредена количина кутии reCIRCLE, алатки за комуникација и размена на стари или скршени кутии со нови.

Клиентите можат да земаат храна за носење која е ставена во „Кутијата reCIRCLE“, плаќајќи депозит. Тие можат да го вратат депозитот, враќајќи ја кутијата во кој било од рестораните на reCIRCLE. Концептот „кутија за ручек како услуга“ заштедува милиони садови за еднократна употреба секој ден.

Диспензерот за пијалок што ја враќа и ја измије чашата по вашето пиење. Пре-интегрирано решение за искоренување на чашите за еднократна употреба. Погледнете го видеото подолу: :

Повторно употребува на кутии од продавници, семејна продавница за електроника во Брисел.

Elak прилагоди циркуларен пристап во своите активности за е-трговија уште од самиот почеток. Кога ја поставија својата веб-продавница, сопствениците веднаш сфатија дека се на пат да добијат и испратат голем број на пакувања. За да се намали количината на истата, беше пронајдено едноставно решение: повторно користење го на она што доставувачите на пакување ја испраќаат својата стока.

Имајќи во предвид дека продавницата има повеќе од 20.000 артикли од сите големини, Elak нема потреба да купува и чува картонски пакувања во различни формати. Секогаш кога нејзините залихи се недоволни, вработените собираат исфрлен картон од локалните супермаркети. 

И покрај испраќање на просек 25 пакети на ден, Elak не купил ниту еден картон во 2018 година за да ја испрати стоката, наместо тоа се потпира на своите добавувачи и локалните супермаркети. Не само што ова го намалува влијанието на продавницата врз животната средина и пониските трошоци, туку клиентите ја ценат и посветеноста кон одржлива малопродажба.

Повторно користење на пакувањето за веб-продавници со механизам за наградување на депозити, користен од 50+ е-трговци, 50.000 крајни корисници (низ целиот свет)

RePack обезбедува пакување како услуга за oнлајн трговци и веб-продавници на познати брендови како што се Filippa K, Ganni, Mud Jeans,, итн.

Кога клиентите нарачуваат од веб-продавницата, тие можат да се определат за алтернативното пакување на RePack за повторна употреба. Нарачката потоа се доставува до клиентот во пакување RePack со припејд етикета за враќање. Последователно, клиентите го испраќаат пакувањето назад до RePack за централна проверка на квалитетот и ридистрибуција.

Секое пакување има единствен баркод кој обезбедува индивидуални пакувања да можат да се идентификуваат и да се поврзат со одредена пратка. Ова овозможува да се активира награда за клиентите при испраќање назад на RePack.

Повеќекрано употреба на пакување за нарачки од веб-продавници со интегрирани,  20.000+ повратни пратки (САД), до денес.

LimeLoop ги издава своите паметни испраќачи преку услуга за претплата на веб-продавници. Веб-продавниците доставуваат нарачки до клиентите во LimeLoop паметни и повратни пакувања. По приемот на паметното пакување, клиентите користат припејд етикета за испорака за да го вратат пакувањето назад до најблискиот магацин преку UPS, овозможувајќи им повторно употреба на пакувањето за нова пратка.

За да го надополнат искуството на пакувањето, веб-продавниците, центрите за исполнување и крајните потрошувачи можат да користат апликација за понатамошно учество со испраќачите, да ја поедностават логистиката и да соберат податоци за патувањето на испраќачот. Претстојната следна генерација на испорачатели ќе овозможи следење на локацијата од една во минута, следење на ангажманот на потрошувачите и рационализирано управување со логистиката.

  • 10 инспиративни идеи за повторна употреба на пакувањето и избегнување на еднократна употреба врз основа на истражувањето и книгата на фондацијата Елен МекАртур: 10 promising ideas to reuse packaging | Circular economy examples Sustainability
  • Волт Петерсон, менаџер за иновации во пакувањето и одржливоста на Нестле, зборуваше за амбициозната цел на најголемата компанија за храна и пијалоци во светот да се префрли на 100% пакување што може да се рециклира или да се користи повеќекратно, до 2025 година: How Nestlé Is Innovating Its Way to 100% Recyclable or Reusable Packaging
  • Бозинго претставува еколошки производи за пакување за вашата следна деловна инспирација: 7 Branded Products with Unique Eco-friendly Packaging
  • Нарајана Писапатија создаде вкусна и хранлива алтернатива, прибор за јадење што може да се јаде: A Spoon You Can Eat Is a Tasty Alternative to Plastic Waste | Short Film Showcase
  • Еден млад претприемач најде нова употреба на сламата, и ја претвори во хартија, која подоцна може да го замени пластичното пакување на храната: Thailand: Turning straw into gold | Global Ideas
  • Откријте како Tetra Recart – Центар за развој на храна може да му помогне на вашиот бизнис со преминот од лименки во картон: Tetra Recart ® Food Development Centre
  • Кога станува збор за одлуките на патниците, можеби треба да бидеме подобри во изборот на плажа или ски-центар или град, само малку поблиску до дома: The Brutally Honest Sustainable Tourism Video
  • Skogsindustrierna – наоѓање материјали за пакување на прехранбен производ: The future of packaging – reducing food waste
  • Климатска лабораторија, изненадувачки елементи од нашите животи кои придонесуваат за климатски промени и револуционерна работа што се прави за да се возврати. Произведени од Универзитетот во Калифорнија, предметите за една употреба не помагаат во борбата против климатските промени, но има лесни начини за намалување и повторна употреба: Takeout creates a lot of trash. It doesn’t have to.
  • Good Start Packaging Inc. и нивните „кутии за носење“ се лесен и влијателен начин да го направите вашиот бизнис поодржлив. Во ова видео, тие зборуваат за тоа што ги прави овие кутии посебни, како и за некои опции што им ги нудат на  клиенти: Compostable Fiber To-Go Boxes