Тема 3 Примери на циркуларни деловни модели во туристичката индустрија

Во овој дел, ќе ве запознаеме со примери на кружни деловни модели во туристичката индустрија:

Source: svart.no

  1. Чисти кружности во туристичката индустрија

Предлогот за вредност на хотелот е фокусиран на користење еколошки материјали за неговите згради (обновливи материјали и обновливи енергии) и неговите погодности. На пример: хотел „SVART“ во Норвешка е дизајниран со 100% природни материјали и е енергетски независен

  1. Кратки кружности во туристичката индустрија

Предлогот за вредност вклучува повторна употреба на специфични ресурси за да се продолжи нивниот корисен век. На пример, хотелите во Женева соработуваат со локална организација за да ги обноват користените сапуни, давајќи им втор живот и обезбедување дополнителни локални работни места.

  1. Кружности за пристап во туристчката индустрија

Предлогот за вредност вклучува обезбедување пристап до услуги, наместо сопственост на производи. На пример, во хотелот „Martins“, целата опрема за фитнес, службени автомобили, компјутерска опрема, машини за кафе во простории, семинари, ресторани и барови се под договор за закуп или договор за „заем за употреба“. Ова ги намалува вкупните трошоци на сопственост овозможувајќи, на крајот на лизингот, или повторна употреба или откуп / препродажба, рециклирање или донација.

Source: Intercontinental Hotels (Paris)

 

  1. Долга кружност во туристичката индустрија

Создавање вредност од отпад со рециклирање на специфични ресурси. На пример, интерконтиненталниот „Paris Le Grand“ собира био-отпад од своите хотелски објекти и ресторани за да ги трансформира во компост и метан, создавајќи топлина и електрична енергија.

  1. Каскадна кружност во туристичката индустрија

Користење на материјал што би бил отпад како влез за нови производи. На пример, хотелите „Greeт“ – кој се дел од новиот концепт на Accor хотели, се фокусира на користење на рециклирани материјали и нуди уникатен сет на мебел за просториите за заедничко користење.