Тема 3 Потрошувачка на вода по вид на сместување

Следната слика нуди податоци за потрошувачката на вода во секој дел од хотел. Главните области на потрошувачката на вода во сместувачките капацитети се бањите на гостите, кујните и просториите за перење и комунални тоалети.

Базените и наводнувањето на зелените површини може да придонесат за дополнителни 10-15% и 20-25%, соодветно и чистење на простории приближно троши 12-47L/гостин-ноќ, според Gössling et al. (2011). Во зависност од инсталираниот систем за ладење, кулите за ладење може да бидат одговорни за дополнителни 10-25% од потрошувачката на вода во хотел.

Source: Styles, Schönberger & Galvez-Martos, (2013).

6.2.3

Source: Gössling et al. (2012).

Специфичната потрошувачка на вода по гостин-ноќ и распределбата на таа потрошувачка низ процесите за користење на вода, исто така варира во видовите на сместување според низа фактори. Следната табела нуди податоци за потрошувачката на вода по тип на сместувачкаи капацитет на 375 претпријатија во Австрија и Германија.

Вид на сместување

Потрошувачка на вода(литар / гостин-ноќ)

Хотел

312

Куќа за одмор

273

Ноќевање со појадок (BB)

226

Кампување

226

Групно сместување

115

Податоците исто така сугерираат дека некои од факторите што влијаат на потрошувачката на вода се:

  1. Бројот на услугите;
  2. Степен на перцепираниот луксуз.

Податоците укажуваат на 60% помалку потрошувачка на вода по по кревет во сместувачки капацитети со 1 ѕвезда во споредба со сместувачките капацитети со 3 ѕвезди и 111% поголема потрошувачка на вода по кревет во тие со 5 ѕвезди во споредба со сместување со 3 ѕвезди.

Обезбедувањето на сопствени en suite бањи е важен фактор што влијае на потрошувачката на вода. En suite бањи сочинуваат приближно 30-40% од употребата на вода во хотелот. Се проценува дека базените ја зголемуваат потрошувачката на вода за хотели и кампови со еквивалент на 60Л по гости-ноќ.