Тема 3 Видови на енергија што се користи во туризмот

Хотелите користат различни видови извор на енергија за да ги исполнат своите дневни енергетски потреби. Овие типови вклучуваат електрична енергија, фосилни горива, ТНГ, сончева енергија. Обично изворите на енергија се користат (но не се ограничени на) за :

  1. Електрична енергија за осветлување, ладење, греење и работа на разни електрични уреди;
  2. Фосилно гориво/масло за греење на просторот и производство на топла вода;
  3. ТНГ/гас за греење и готвење;
  4. Сончева енергија за производство на топла вода.

Табелата подолу ни ја покажува годишната потрошувачка на енергија по извор во пет хотели во регионот на Крит. Според обезбедените податоци, може да се види дека 5-те хотели на Крит претежно користат електрична енергија како извор на енергија што во некои хотели оди до 84% од вкупната потрошувачка на енергија. Втор најкористен извор во фосилно гориво (дизел масло). Во 3 од 5 хотели се користи обновлива енергија во форма на сончева енергија што достигна максимум околу 16% во еден од хотелите.

Source:  https://www.varchev.com/en/the-old-energy-sources-will-be-fashionable-until-2050-al-falih/

Извор на енергија

Хотел 1

Хотел 2

 

Хотел 3

 

Хотел 4

 

Хотел 5

 

 

Електричка енергија

65.88%

68.37%

84.05%

73.06%

62.90%

Фосилно гориво

18.82%

26.87%

0%

12.48%

29.10%

ТНГ

6.02%

4.76%

0%

6.54%

8.00%

Соларна енергија

9.28%

0%

15.95%

7.92%

0%

Вкупно

100%

100%

100%

100%

100%

Source: Vourdoubas, J. (2016).