Тема 2 Причини да се добие одржлива етикета во туризмот

  • Нема план Б.
  • Одржливоста на вашиот бизнис: Климатските промени и туризмот се меѓусебно поврзани; обајцата можат силно да влијаат едни на други. Доколку околината е премногу оштетена, туристичката активност не може да опстане. Затоа е важно да се преземат активности за заштита на животната средина во целост (локално и глобално) со цел да се одржат туристичките активности.
  • Важно за стратегијата на организацијата: Луѓето стануваат сè посвесни за важноста на одржливиот развој за зачувување на нашата планета. Оваа зголемена свест се повеќе и повеќе ќе се рефлектира во потрошувачкото однесување во туристите. Туристите сега разгледуваат одржливи критериуми при резервација на патување. Затоа, за стратегијата на организацијата почнува да биде важно разгледувањето на одржливи етикети, со цел да се обезбеди вистинско задржување на клиентот. За клиентите, етикетата може да биде кратенка за правење вистински избор, во смисла дека е критериум за препознавање хотели кои ја почитуваат околината на еден или друг начин.
  • Маркетинг можности: Добивањето на одржлива етика нуди нови можности во пазарот. Добивањето на етикетата им овозможува на организациите да се позиционираат на растечкиот пазар. Етикетата им дава многу поголема видливост на организациите, бидејќи тие се рефереирани на сите одржливи туристички платформи.
  • Намалување на трошоци: Усогласеноста со критериумите за одржливи етикети може да предизвика важно намалување на трошоците. Всуштност, да се биде поефикасен, во однос на производството на отпад, како и потрошувачката на енергија и вода, доведува до помалку трошоци. Ова придонесува за зголемување на комерцијалната маржа.