Анализата на енергетското однесување на грчките хотели (Vourdoubas, 2016) покажа дека 72-75% од вкупната енергија е потрошена во греење на простории, производство на топла вода и климатизација. Петнаесет проценти беа потрошени во припрема на храна, 8-9% за осветлување, а остатокот за работа на разни машини.
Во друга студија во регионот на Крит (Zografakis et al, 2011) каде беа оценети 32 хотели, беше откриено дека просечните годишни трошоци за електрична енергија по кревет се 112,17 € и дека 87,5% од хотелските менаџери се согласуваат или целосно се согласуваат дека ефикасното управувањето со енергијата може да го зголеми профитот на хотелот. Од друга страна, тие наведоа дека само 53,2% се согласиле или целосно се согласиле дека туристите го избират своето сместување во хотелот врз основа на неговата еколошка слика.
Според податоците дадени во табелата, можеме да ја видиме годишната потрошувачка на енергија во различни региони и земји, која мери различни податоци. Од табелата, можеме да видиме дека хотелите во Европа трошат околу 305-330 KWh/m2 годишно. Хотелите во Грција трошат малку помалку, и тоа се движи помеѓу 200-290 KWh/m2, додека Јужна Европа како регион троши малку помалку, околу 128-171 KWh/m2 годишно.