Тема 1 Форми на вмрежување за МСП-а во туризмот

Како една од најголемите индустрии во светот, туристичката индустрија ги поврзува различните засегнати страни, како што се туристички претпријатија, туристи, национални канцеларии за туризам, даватели на инфраструктура и други видови организации за поддршка кои се директно или индиректно вклучени во туризмот. Конечниот туристички производ е резултат на широк спектар на услуги и производи обезбедени од разни комплементарни и конкурентни чинители кои работат во индустријата.

Туристичката индустрија претставува сложено опкружување, во кое вмрежувањето меѓу разните партнери се чини суштинско за да се снабдат интегрирани туристички производи и да се обезбедат најдобри услуги до крајниот корисник. Потребата да се формираат мрежи на блиски соработнички односи, се чини дека е уште посилна во туризмот во споредба со другите индустрии, бидејќи туристичките претпријатија се претежно микро и мали организации, расчленети во определен географски регион.

Вмрежувањето може да се дефинира како оние активности во кои сопствениците на МСП градат и управуваат со лични односи со поединци и организации во нивната околина. Мрежите се обрасци на односи помеѓу различни организации, претпријатија, па дури и нивни конкуренти. Општо, разновидни интеракции се случуваат на дневна основа, како што е соработка со клиенти, добавувачи и конкуренти.

Мрежите вклучуваат посветеност на членовите на мрежата кон збир на заеднички цели и, најверојатно, споделување на светогледи. Тие можат да бидат привремени или трајни во зависност од целите на партнерството.

Формациите на мрежата може да варираат од постојните кластери на конзорциуми до лабаво споени деловни системи, онлајн мрежи или нови развојни економски заедници. Постојат различни мрежни форми кои можат да следат за да се оптимизира конкурентската предност. Географски, можеме да дефинираме локални мрежи за туризам, европски мрежи за туризам и меѓународни мрежи за туризам.

Бидејќи глобализацијата значеше зголемен притисок врз туристичките МСП-а да бидат конкурентни, концентрацијата мора да биде на локално ниво со цел да се постигне конкурентност преку мали иновативни чекори и соработка. Во текот на изминатата деценија, беа направени неколку обиди за користење на теории за вмрежување, групирање и агломерација за да се објасни улогата на туризмот во влијанието врз локалниот раст и стимулирање на регионалниот развој.

Главните партнери за одржлив развој на туризмот се индустријата, локалната власт и локалното опкружување. Во туристичката индустрија потенцијални партнери можат да бидат атракции, објекти за сместување, ресторани, тур-оператори, продавници и здруженија поврзани со туризмот. Локално опкружување можат да бидат актери како што се жителите на одредено место, групите од заедницата, локалните организации, здруженијата и поддржувачите на животната средина. Групата на власти ги претставува сите владини агенции.

⮚Еден пример за локални мрежи се туристичките дестинации. Туристичките дестинации може да се гледаат како мрежи на поврзани приватни и јавни организации, кои можат да се сметаат за заинтересирани страни на дестинациите. Бидејќи туристот ја согледува дестинацијата како интегриран субјект, управувањето со туристичка дестинација е многу сложена задача.

⮚Друг пример е партнерството во кластери. Кластерот е географски концентрирана соработка помеѓу претпријатијата, која ги вклучува сите компании и институции кои се способни да ја зголемат додадената вредност создадена во синџирот на вредности. Земајќи ја предвид нејзината вистинска форма, туристичкиот кластер е доброволна соработка на претпријатија и организации кои припаѓаат на одредена производствена вертикала, создадена со цел да се постигнат заеднички цели.

Мрежата Enterprise Europe Network е клучна иницијатива на Европската Комисија која им помага на малите компании максимално да ги искористат деловните можности во ЕУ. Групата за секторот туризам и културно наследство е секторска група која организира брокерски настани за да им помогне на бизнисите да постигнат до договори за трансфер на технологија или соработка со други компании од нивниот сектор.

∙Мрежата EDEN network се состои од добитници и вицешампиони на наградите EDEN European Destinations of Excellence awards за европски дестинации на извонредност. Мрежата е платформа за размена на добри практики во одржливиот туризам на европско ниво и за промовирање контакт помеѓу наградуваните дестинации. Мрежата има за цел да ги поттикне другите дестинации да прифаќаат модели на одржлив развој на туризмот. Со повеќе од 350 дестинации на EDEN од 27 европски земји до сега членки, мрежата EDEN е најголемата светска мрежа во областа на одржливиот туризам.

∙Европската мрежа за културен туризам European Cultural Tourism Network (ECTN) е мрежа за развој и промоција на културниот туризам. Членовите на ECTN се дестинации, власти, невладини организации и истражувачки институти. ECTN има за цел да постигне високо ниво на соработка помеѓу членките во областа на културниот туризам и да воспостави тесна соработка со институциите на Европската Унија и други меѓународни организации, мрежи и јавни институции ширум светот.

Светската туристичка организација The World Tourism Organization (UNWTO) е водечка меѓународна организација во областа на туризмот. UNWTO генерира знаење за пазарот, промовира конкурентни и одржливи туристички политики и инструменти, го поттикнува туристичкото образование и обука и работи на тоа да го направи туризмот ефективна алатка за развој преку проекти за техничка помош во над 100 земји во светот. Членството на UNWTO вклучува 158 земји, 6 придружни членки и над 500 члeнки-набљудувачи кои го претставуваат приватниот сектор, образовните институции, здруженијата за туризам и локалните власти за туризам.

Комитетот за туризам на ОЕЦД – OECD Tourism Committee ги анализира и следи политиките и структурните промени што влијаат на развојот на домашниот и меѓународниот туризам. Комитетот им дава на креаторите на политиките конкретна анализа на клучните предизвици и одговорите на политиките што ќе го обликуваат туризмот во следните години. Комитетот активно промовира интегриран пристап на целата влада што го поврзува туризмот со политики како што се економија, инвестиции, транспорт, трговија, инклузивен раст, вработување, иновации, зелен раст, локален развој на берзите и претприемништвото.