Тема 1 Типологија на етикети: Перформанса и управување со животната средина

Во денешно време, постојат многу различни етикети за туризам и во многу разновидни квалитети. Не е секогаш лесна задача да се знае која етикета да се избере за организацијата, која е релеватна, а која не. Овој дел ќе ги опише клучните елементи на главните етикети што се користат во Европа.

Важно е да се направи разлика помеѓу двата главни типа на сертификација:

Етикети за ефикасност на животната средина Етикети за управување со животната средина
Овие етикети се доделуваат само доколку организацијата исполнува листа на претходно дефинирани критериуми. Но, откако етикетата ќе и биде доделена на организацијата, таа само треба да се осигура дека ќе продолжува да ги исполнува овие критериуми. Овие етикети обично имаат задолжителни критериуми и изборни критериуми.
Оваа етикета е алатка што им овозможува на организациите да го проценат и пријават нивното влијание врз животната средина. Главната разлика тука е што прво се прави проценка на влијанието врз животната средина. Потоа, организацијата мора да покаже дека нивното управување со животната средина е ефикасно и дека тие се подобриле себеси во споредба со ревизијата што беше направена претходно.
Пример: Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel), Green Key (Зелен клуч)…
Примери: EMAS, ISO14001…