Бизнисите како хотели, такси и тур-оператори се главните актери кои обезбедуваат традиционални туристички услуги. Сепак, се повеќе и повеќе поединци влегоа во туристичката индустрија предлагајќи привремено да ги споделат своите имоти (куќа, автомобил, итн.) или знаења и вештини (тури, искуство со готвење) со туристите, придонесувајќи за појава на КП.
Развојот на КП моделот навистина влијаеше на економијата и особено на туристичкиот сектор, особено со појавата на компании како Airbnb и Zipcar, која ја редефинираа конкуренцијата во индустријата. Одтука важно за МСП е да го разберат развојот на таков феномен за да го интегрираат како можност за создавање вредност.
Пазарните удели на КП компаниите се зголемија експоненцијално во текот на последната деценија. Ова е особено случај во индустријата за сместување со Airbnb. Според извештајот на ITB World Travel Trends за 2016/2017 година, во Амстердам, Airbnb оствари приходи од 110 милиони долари од изнајмувања за 2015, што претставува 10% удел на пазарот за сместување, додека приходите се искачија на 448 милиони долари (7,6% удел на пазарот) во Лондон за истата година. Статистиката од 2019 година на индустријата за изнајмување во САД проценува дека Airbnb учествува со повеќе од 20% од уделот на пазарот.
Овие статистички податоци ја илустрираат новата важност на КП во туристичкиот сектор. Taa jа наруши традиционалната индустрија за само неколку години, потпирајќи се на ИКТ и појавата на социјалните медиуми и следејќи ги и нагласувајќи ги промените во навиките и желбите на потрошувачите.