Тема 1 Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel)

  1. Проверете ја овде општата усогласеност на вашата организација со критериумите (Одлука на Комисијата (ЕУ) 2017/175 од 25 јануари 2017 година за воспоставување критериуми за Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel) за туристичко сместување).
  2. Контактирајте го вашето надлежно тело: Организацијата одговорна за доделување и управување со апликациите за Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel) во вашата земја или вашиот регион.
  3. Регистрација на производи и услуги на онлајн каталог на Еко-етикета (Ecolabel), ECAT: Овој каталог е референтна точка за да се провери валидноста на лиценцата за еколошка етикета на една организација. За да се регистрирате, проверете го Упатството за употреба тука.
  4. Тестирање на производи и услуги за да се изгради досие за апликација: Со цел да се процени усогласеноста со критериумите, мора да се испрати досие за апликација. Вклучува релевантни декларации, листови со податоци и резултати од тестови. Релевантноста ќе ја процени надлежниот орган.
  5. Поднесување апликација и надоместоци
Вид на апликанти Еднократна такса за аплицирање Годишна такса
Микро претпријатија
200-350
Максимум 18 750
МСП и фирми од земјите во развој
200-600
Максимум 18 750
Други претпријатија
200-2 000
Максимум 25 000
  1. Проценка: Надлежното тело ќе ги процени сите документи и може да побара дополнителни документи. Може да ја одбие апликацијата доколку не се испратат доволно документи во рок од 6 месеци по барањето. По проценката, надлежното тело може да изврши ревизија на лице место. Оваа одлука се носи од случај до случај и може да вклучува дополнителни надоместоци.
  2. Одобрување на апликација и доделување лиценца: Надлежното тело издава договор и лиценца со кои се прогласува одобрението. Откако ќе се потпише договорот, можете да побарате ваш сертификат за Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel). Како носител на лиценца, ваша одговорност е да обезбедите континуирано почитување на критериумите. Надлежното тело може да изврши тестирање на примерок.
  3. Комуницирајте за вашите производи и услуги за Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel): Употреба на лого, каталог на производи и услуги на Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel), дигитално присуство (социјални медиуми) итн.

За повеќе информации на:

  • Како да аплицирате за Еко-етикетата на ЕУ (EU Ecolabel), кликнете тука.
  • Упатство за употреба за Еко-етикетата на ЕУ (EU Ecolabel) за сместување на туристи, кликнете тука.
  • Еко-етикета на ЕУ (EU Ecolabel) каталог за сместување на туристи , кликенте тука.
  •