Тема 1 Економско влијание

Туризмот има огромно влијание врз нашите економии. Според извештајот на Светскиот совет за патувања и туризам (2020), туризмот сочинува 10,3% од глобалниот БДП во 2019 година (директен, индиректен и индуциран). Растот на БДП за патувања и туризам изнесуваше 3,5% во 2019 година, додека вкупниот раст на економијата беше 2,5%. Растот на БДП на Патувањето и Туризмот надмина вкупниот раст на економијата по деветта година по ред. Тој го надмина растот на важните сектори како што се здравствени услуги или градежниот сектор.

Раст на БДП на Патувањето и Туризмот во споредба со вкупниот Глобален БДП во 2019 година

Сектор

Раст на БДП

2019

Информации и комуникација

4.8%

Финансиски услуго

3.7%

Патување и Туризам

3.5%

Здраство

3.0%

Малопродажба и трговија на големо

2.4%

Земјоделство

2.3%

Градежен сектор

2.1%

Произодство

1.7%

Туризмот го поттикнува вработувањето и регионалниот развој. Глобалните меѓународни приходи од туризмот беа 1,4 трилиони долари во 2018 година. Туризмот генерира многу можности за вработување, со 330 милиони работни места ширум светот (директни, индиректни и предизвикани). Туризмот е значаен економски двигател во целиот свет.

а други детални информации, погледнето го UNWTO 2018 Report.  

Шемата подолу ја  покажува колку е голема и сложена туристичката индустрија со бројни активности поврзани со патувања и низа индиректни синџири на вредности :

Source: UNWTO (2015).

До пред КОВИД кризата, туризмот беше сектор во постојано растење и со зголемен бројот на патници. Во текот на последните 20 години, меѓународниот туризам се зголеми за 4 пати повеќе од светското население. Со 1,4 милијарди патници во 2018 година, меѓународните туристички пристигнувања се очекуват да достигнат 1,8 милијарди годишно до 2030 година, според предвидувањата на UNWTO. Постои постојан пораст од околу 4,4% годишно на бројот на туристички пристигнувања од 2009 година наваму.

Source: Ecores (2021) based on World Bank Data.

Постои силна важност на дестинацијата на ЕУ во однос на бројот на туристи :

Source: UNTWO, European Union Tourism Trends Report (2018).

Туризмот е трета по големина социо-економска активност во ЕУ (следејќи ги трговијата и дистрибуцијата и градежните сектори).

Јужна и Медитеранска Европа е најпосетуваната група на земји со 193 милиони пристигнувања во 2016 година. Бројот на пристигнувања на меѓународни туристи го надминува локалното население.

Source: UNTWO, European Union Tourism Trends Report (2018).