Во фазата на спроведување, ќе направите вашиот акционен план да биде биде ставен во функсија. За да го сторите тоа, треба да бидете сигурни дека обврските, ресурсите, одговорностите се воспоставени. Ќе истражувате како да го премостите вашиот циркуларен акционен план со постојните стратегии и управувачките рамки. Конечно, ќе организирате следење и проценка на вашиот план
Главни прашања:
Source: unsplash.com
Како и секој процес на управување со промени во една организација, лидерството и посветеноста од топ менаџментот се клучни за да се обезбеди успех на транзицијата. Проектот за транзиција кој не е целосно прифатен од топ менаџмент, многу веројатно нема да успее. Специфични чекори треба да се спроведат за да се осигура дека сите се согласуваат целосно и ги имаат вистинските ресурси да се вклучат во промената.
Следниот список за проверка вклучува неколку точки што треба да се потврдат за да се обезбеди успех на стратегијата за транзиција. Овие аспекти треба да бидат прегледани од тимот и највисокото раководство на вашата организација.
Пренасочувањето кон циркуларноста не е работа на една личност. Потребно е збир на комплементарна експертиза што може да ја поседува само тим од различен персонал кој извршува различни функции.
Прво, можеби ќе сакате да се повикате на вашата почетна мапа на заинтересираните страни за да дефинирате кој треба да биде вклучен за да се успее оваа транзиција. Улогите што можеби ви требаат за вашиот проект се: лидерство на проектот, експерт (и) за содржина, на пример, вашиот вработен одговорен за управување со отпад, имплементатори и/или технички експерти и советници.
Кога им се обраќате на овие луѓе, осигурете се да поставите јасни очекувања околу тоа што барате од нив. Запомнете дека тие можат да бидат надвор од вашиот непосреден тим, така што ќе треба да бидете јасни за потребната обврска.
Source: unsplash.com
Најдете време да ги соберете овие луѓе. Кога сте на едно место, разговарајте за вашите улоги. Прашања што може да ги поставите се:
Голем дел од успехот на вашата транзиција ќе зависи од фактот дека целиот ваш персонал е убеден дека овој циркуларен начин на размислување е патот по кој треба да се оди. Развојот на свеста и ангажманот околу циркуларните практики е клучен за олеснување на транзицијата.
Свеста е несомнено најважната фаза од секоја методологија за управување со промени. Причината број еден за отпорност кон организациските промени е недостатокот на свест за тоа зошто се прават промените. Зошто е ова? Без јасно артикулирани информации, истото станува индивидуален предизвик за секој за да се усогласи со насоката на компанијата. Во овој чекор, внатрешната комуникација е неопходна. Тоа не вклучува само испраќање е-маил, или одржување состанок со вработените, туку и чести, детални, навремени и релевантни комуникации што се однесуваат на тоа што се променува, зошто се прават промени и придобивките и ризиците што може да настануваат но непроменувањето на индивидуално ниво.
Создавањето свест на лично ниво е првиот чекор кон постигнување успешна организациска промена.
Вашиот циркуларен акционен план не треба да постои во вакуум. Тој треба да биде интегриран во вашата општа стратегија.
Доколку имате воспоставен систем за управување со животната средина (ISO14001/EMAS), вашиот циркуларен акционен план треба да биде интегриран во вашата документација за управување.
Доколку немате систем за управување со животната средина, ова може да биде важно за да се запрашате дали вашата циркуларна стратегија и акционен план може да бидат првиот чекор за понатамошно систематизирање на вашиот ангажман за животна средина.
Сега имате развиено циркуларна визија, поставивте некои цели и сет на релевантни циркуларно активности. Одвоивте ресурси, одговорности меѓу вашиот персонал и започнувате да гледате напредок кога некои од вашите активности почнуваат да се одвиваат. Патувањето сепак не е завршено. Мониторирањето и евалуацијата се суштински дел од вашето патување
Source: Unsplash.com (2021).
Чекор 1: Поставете редовни прегледи, за да се осигурувате дека сте на вистинскиот пат.
Во зависност од индикаторите што сте ги развиле, можеби ќе треба редовно да го следите вашиот напредок: месечно, на секои шест месеци или еднаш годишно.
Главни прашања:
Чекор 2: Развијте корективни мерки за активности што не се во рамките на процесот.
За активности кои не се покажуваат успешни, одвојте време да го оцените проблемот. Кои корективни мерки може да се спроведат? Треба да креирате идеи за нови мерки? Наведете ги сите можни причини/прашања и договорете се за адаптации.
Чекор 3: Ажурирајте го вашиот циркуларен акционен план на годишно ниво.
На годишно ниво, може да биде важно да се прегледаат сите делови од сложувалката. Дали сме сè уште усогласени со основната визија развиена на почетокот на процесот? Дали има нови притисоци, двигатели кои треба да ги земеме предвид за да останеме на вистинскиот пат? Што би можеле да сториме за да размериме некои активности тестирани во последната година?