Ecobnb ги поврзува патниците со одржливото сместување

КОНТЕКСТ И ЦЕЛ

Ecobnb е процес кој го менува начинот на патување.

Иницијативата има за цел да промовира еден вид туризам што ја почитува природата, културното наследство и локалните заедници преку поттикнување на престојот во одржливи сместувачки капацитети, органска храна, еколошки правци, зелени патувања, повторно откривање на блиските и автентични места.

ВЛИЈАНИЕ

Патувајќи со Ecobnb, заштедувате секој ден 8085g CO2 и 302L вода.

ОПИС НА ИНИЦИЈАТИВА

Ecobnb е иновативен старт-ап што создаде еколошка веб и мобилна апликација што поврзува заедница на патници кои сакаат да откријат поодржлив начин на патување, во хармонија со природата, местата и луѓето, со голема мрежа на еко-одржливи сместувачки капацитети.

Тоа им овозможува на одговорни патници да резервираат еколошки сместувачки капацитети ширум светот: органски земјоделски куќи, куќички на дрвја, апартмани, хотели, итн. За да бидат дел од мрежата на Ecobnb, одржливите сместувачки капацитети мора да исполнуват најмалку пет од десетте основни параметри за еко-одржливост признати од еколабели и сертификати за екотуризам: органска храна, високо ниво на енергетска ефикасност, 100% обновлива енергија, соларни термални панели за производство на топла вода, производи за еколошко чистење, повеќе од 80% рециклирање отпад, пристапност без автомобили, редуктори на проток на вода, светла за заштеда на енергија, обновување и повторна употреба на дождовната вода.

Понатаму, серверите Ecobnb се 100% напојувани од локално произведени обновливи извори на енергија. Оние кои ќе изберат да резервираат преку Ecobnb не само што ја помагаат животната средина, туку и финансираат мрежа на мали претприемачи вклучени во одржливи проекти.

БРЗИ ФАКТИ

  • Организацоја: Ecobnb
  • Место: Европа
  • Давател на услуги: Платформа за споделување на сместувањето
  • Циркуларен принцип: Обновување на природните системи
  • Фокус: Намали
  • Клучни зборови: #колаборативнапотрошувачка #зелено патување #Одржливо сместување

ПОВЕЌЕ ИНФО