Трговската, индустриската, занаетчиската и земјоделската комора на регионот Marche (CCIAAM)
Трговската, индустриската, занаетчиската и земјоделската комора на регионот Marche (CCIAAM) е јавно тело што врши функции од општ интерес за деловниот систем, фокусирајќи се на развојот на локалните економии. Оваа комора го одржува и ажурира бизнис-регистарот на своите територија. Основана е во ноември 2018 година со спојување на претходните 5 локални стопански комори, со што станува 5-та италијанска комора според регистрирани компании.
Меѓу своите активности, комората може да се пофали со огромно и консолидирано искуство и вклучување во активностите на искуството за учења поврзано со работата (Alternanza Scuola Lavoro) и во професионалното водство за надежните претприемачи. Посветениот персонал одржува обуки за да стимулира создавање нови бизниси, како во иновативни и традиционални економски сектори, исто така во партнерство со средни училишта, универзитети, истражувачки центри и приватни лица. Обуките се организирани во различни модули според различните фази, од дефинирање на бизнис идеја до изготвување на бизнис план. Честопати нејзините теми се дизајнирани да дадат финансиска поддршка на одредени категории на компании (пр. иновативни, жени претприемачи, млади). Неколку од обуките се фокусираат на ширење на дигитализацијата на МСП-а. Комората е исто така меѓу промоторите на Јадранското и Јонското „Старт ап училиште“, чија основна цел е економски развој на културниот туризам во таа област, преку креативноста и иницијативата на младите кои сакаат да започнат бизнис. Тоа впрочем е специјализирана програма за обука насочена кон развој на иновативни стартап компании кои работат во областа на културниот туризам и има за цел да го подобри културното наследство на макро-регионот на Јадранскиот и Јонскиот макро-регион.
Како наследник на претходните 5 стопански комори, CCIAAM исто така може да се пофали со силно и консолидирано искуство во управувањето со ЕУ фондовите и проектите, со посебен фокус на Еразмус +. Комората активно учествувала во неколку проекти, како водечки партнер и како партнер.
Политехничкиот универзитет Marche (UNIVPM)
Политехничкиот универзитет Marche (Università Politecnica delle Marche – UNIVPM) е италијански универзитетски институт со седиште во градот Анкона, основан во 1969 година. Тој e првиот италијански универзитет што доби Интегрирана Sертификација за Kвалитет според меѓународниот ISO 9001 стандард, и токму затоа Политехничкиот универзитет Marche стана регионален центар за обука на италијански и странски студенти. Универзитетот има 5 факултети: Инженерство, Економија, Земјоделство, Медицина и Наука. Со текот на годините, неколку филијали на Универзитеот се отворени и во другите градови во регионот Marche, како што се: Асколи Пичено, Фермо, Мацерата, Пезаро и Сан Бенедето дел Тронто. UNIVPM учествува во проектот CEnTOUR со два свои оддели.
Првиот, Секторот за Управување – во последниве години посвети доста внимание на прашањето за одржливост, и во свеста за улогата што ја игра во формирањето на идните генерации. Во овој контекст, Политехничкиот универзитет во Marche создаде и има намера да го промовира проектот “Univpm Sustainable” како чадор на иницијативи насочени кон одржливост, применувајќи го во сите истражувачки области: од општествена одговорност на компаниите и известување за социјална одржливост, според сите национални и меѓународни упатства, до стратегии за одржлив развој и потрошувачки маркетинг. Покрај тоа, UNIVPM е член на Секторот за управување од март 2018 година, на EIT Climate-KIC.
Катедрата за материјали, науки за животна средина и урбанистичко планирање и урбан дизајн на Политехничкиот универзитет во Marche, како втор оддел, а особено вклучениот персонал претставен од Фатоне, е координатор на обемната акција за иновации Horizon2020 SMART-Plant и има лидерски позиции во уште 9 други Европски проекти (програми Horizon2020, PRIMA, Life +, Water JPI, ENI CBC MED), меѓу нив ги издвојуваме: H2020 ENERWATER Standard method and online tool for assessing and improving the energy efficiency of waste water treatment plants” и H2020 “HYDROUSA Demonstration of water loops with innovative regenerative business models for the Mediterranean region”.
EcoRes
EcoRes е канцеларија за консултантски услуги со седиште во Брисел со 15-годишна експертиза во циркуларната економија, управување со ресурси и колективна интелегенција. EcoRes ја олеснува транзицијата на јавни и приватни организации кон инклузивна одржливост и циркуларност преку портфолио на услуги што го опфаќа целиот животен циклус од стратегиите на оддржливост, и тоа:
• Првична проценка на прашања за одржливост (360°);
• Поддршка во дефинирање на стратегијата за транзиција на одржливост;
• Поддршка во развој на иновативни решенија и нивна имплементација (од niche до scaleup решенија);
• Ангажирање на засегнатите страни и интеграција во екосистемот на една организацијата;
• Градење на капацитети на персоналот за забрзување на транзицијата;
• Поддршка од мрежа на клучни-експерти за да се инспирира развој на одреден проект
Организацијата за развој на секторот за мали и средни претпријатија (ODIMM)
Организацијата за развој на секторот за мали и средни претпријатија (ODIMM) – Молдавија е јавна, непрофитна институција создадена во 2007 година и основана од Министерството за економија и инфраструктура на Молдавија која обезбедува спроведување на националните политики за развој на МСП-а. Организацијата има голема експертиза во развојот на бизнисот, создавајќи можности за започнување и развој на успешни бизнис активности, особено во руралните области. Нашата визија е да станеме клучен двигател на развојот на претприемништвото во Република Молдавија со забрзување на стапката на создавање на нови претпријатија, придонесувајќи за создавање и задржување на добри работни места и инвестирање во нашите индустрии во развој.
Со текот на годините, ODIMM обезбеди континуиран дијалог помеѓу приватниот сектор и централните власти, како автор и промотор на многу национални иницијативи за поддршка, кои беа одговор на потребите на малите и средни претпријатија.ODIMM лансираше и алатки за поддршка на бизнисот кои ја подобрија претприемничката култура во Република Молдавија и ја ревитализираа економијата на земјата преку стимулирање инвестиции во индустриите со висок потенцијал за раст. Денес, многу иницијативи на ODIMM се сметаат за успешни модели во regionot na isto;na Evropa, и преставуваат добар модел за земјите кои имаат сличен социјален контекст и минуваат низ слични економски предизвици.
Центар за бизнис и иновации (BIC)
Центар за бизнис и иновации (BIC) е компанија основана од У ЈИЕ со седиште во Тетово, Северна Македонија, специјализирана за иновации и комерцијализација на активностите на Универзитетот. Таа денес претставува мост помеѓу поширокиот бизнис-сектор и Универзитетот, промовирајќи ги целите на triple-helix моделот на соработка . BIC континуирано ги промовира условите за стимулирање на создавање на нови стартап компании, создавајќи синергија помеѓу иновативните бизниси и поттикнувајќи го растот на постојните МСП-а, што долгорочно обезбедува нови можности за вработување. Со текот на годините, преку поттикнување на претприемничка култура помеѓу академијата, истражувачите и студентитете, и преку комерцијализација на научните и технолошките знаења, Центарот стана клучна алка која го преточува знаењето и експертизата во акции, иновации и инвестиции.
Трговската и индустриската комора на Xanthi (EBEX)
Трговската и индустриската комора на Xanthi (EBEX) е јавно тело, основано на 28 август 1956.
Комората е еден од главните столбови на локалната економија, поддржувајќи ги претприемачите и работниците и учествувајќи во прекугранични и транснационални проекти на ЕУ повеќе од 20 години, и насочена e кон зајакнување на производите и услугите во одржлива перспектива.
Комората, исто така, го насочува своето внимание кон културното наследство од регионот од кој потенува, гастрономијата и животната средина, зачувувајќи ја локалната културна историја, преку создавање на нови туристички и културни правци. Учесвува и како член на Феникискиот пат при Советот на Европа и создавањето на Labor’s of Hercules програмите.
Комората има голем број активности што им ги нуди на своите членови, преку поттикнување и создавање нови бизниси, подобрување и обуки на вработени, и обезбедување на податоци за трети страни. EBEX исто така соработува со агенции и центри за иновации, и е членка на Организацијата на европски погранични региони (AEBR), која е основана во 1971 година од страна на првите погранични региони кои започнаа прекугранична соработка во Европа, веднаш по Втората Светска Војна, зајакнувајќи ја интеграцијата на граѓанитеи зад националните граници.
Центарот за социјални иновации (CSI)
Центарот за социјални иновации (CSI) е тим на професионалци со над 50 години колективно искуство во областите на: образование, рационализација на системот, информатички и комуникациски технологии, претприемништво, социјални иновации, глобални здравствени процеси – животни науки, деловна форензичка интервенција, развој на млади и мотивација, како и преуредување на ресурсите со клучните цели и акции.
Членовите на нашиот основачки тим работеа на три континенти и соработуваа со организации и поединци од различни земји. Тие исто така работеа во доменот на инвестиции од ризичен капитал и купување на удели, преку кои дадоа значителен придонес во развојот на голем број деловни активности во различни области. Тие ги носат сите овие искуства за поддршка за идентификување на системските проблеми и за развој и имплементација на паметни и одржливи решенија кои таргетираат тешки социјални проблеми.
Нашиот тим се фокусира на развој и воведување на неконвенционални решенија за системските социјални, образовни и економски проблеми. Соработката за системските проблеми што ги идентификуваме се развиваат преку различни слоеви на интеракција со сите засегнатите страни. Интеракциите се постигнуваат преку brainstorming активности, теренски истражувања и специјални фокус групи, како и прегледи на научните истражувања. Нашата цел е систематски да овозможиме, охрабриме и олесниме подобар квалитет на живот за што е можно поголем број на луѓе.
Форумот на јадранските и јонските стопански комори (Forum AIC)
Форумот на јадранските и јонските стопански комори (Forum AIC) е здружение основано во 2001 година и се приклучува на 40-те стопански комори од јадранскиот и јонскиот регион. Целта на здруженијата е да го промовираат економскиот развој во јадран-јонските региони, да ги зајакнат односите меѓу трговските комори на прекуморските земји и да ја шират деловната и претприемничката култура преку вклучување на сите чинители на територијата. Стратешката цел на Форумот е да помогне во процесот на раст и опиплива примена на европските принципи кои се однесуваат на политиката на кохезија,како и да придонесе за интеграција на Запаниотн Балкан во ЕУ.
Форумот е еден од најзасегнатите организации во Европската Стратегија на Јадранско-Јонскиот регион. (EUSAIR). Признаен е како еден од клучните актери во однос на столбот 4 (Одржлив Туризам) кој помага да се намалат административните бариери и да се олеснат комерцијалните можности, зголемувајќи ја вредноста на културното наследство и богатството на различностите.
Progetto Arcadia (PA)
Progetto Arcadia (PA) е консултантска агенција основана во 2013 година од архитектот Масимо Германи, Елена Гентилини, Д-р на Науки по Локален Одржлив Развој. PА се специјализирани за стратегии за финансирање, дизајнирање и управување со проекти финансирани од ЕУ, поддржувајќи ги и приватните и јавните организации со иновативни проекти – особено поврзани со одржливост и циркуларна економија, како и развој на културата и туризмот. Работиме со методологии кои ја подобруваат креативноста и ефективниот дизајн и менаџирањето, како што се design-thinking методологиите, дизајни ориентирани врз индивидуите, управување со проектниот циклус, пристап кон логичка рамка, GOPP, како и управување со PM4SD проектите за одржлив развој.
Дизајнерската гранка, ARCADIA DESIGN од PROGETTO ARCADIA, е исто така оддел кој се беви со производи / ентериери / архитектура / и инженерски дизајни чиј пристап се карактеризира со модуларност и прилагодување кон циркуларната економија.
Од 2013 до 2017 година развивме циркуларен систем за мебел, кој сега е комерцијализиран, заснован врз принципите на дизајнот за повторна употреба, за што имаме добиено Италијански патент – кофинансиран од ЕУ-фондови и насочен кон иновативни стартап компании. Во 2017 година бевме поканети од страна на ‘XIII Комисија’ при Сенатот на Италијанската Република во врска со консултациите за Акциониот план 317 на ЕУ кои се однесуваат на циркуларната економија.