CEnTOUR – Циркуларна економија во туризмот е COSME проект кој трае
од септември 2020 до септември 2023 година.
МСП-а, особено од туристичкиот сектор, полека се приближуваат до предизвиците за преминување од линеарен во циркуларен модел на економија, и со оглед на просечната големина, вообичаено немаат доволно ресурси и вештини за да се соочат со оваа промена користејќи соодветни алатки и препораки.
Туристичките системи се изразито испреплетени системи кои имаат корист од интегрираниот пристап кон развој на бизнисот, како во однос на ефикасноста, така и во однос на унапредувањето. CEnTOUR има за цел да ги поддржи МСП-а во развојот и спроведувањето на циркуларни бизниси (во смисла на трансфер на знаења, вештини, иновации, сертификации) во рамките на интегрираниот систем за локален развој.

Цели на проектот
Да се развие и тестира ефективна шема за поддршка на МСП-а, која им ги
обезбедува потребните вештини, знаења , соодветно размислување и ресурси дури и во контекстот на локалното управување) за развој на иновативни решенија кон модел на циркуларна економија, зголемувајќи го пртоа нивниот капацитет да ги преиспитаат своите бизнис модели, производи и услуги;
Да им помогне на учесничките МСП-а да развијат и спроведат решенија за циркуларни модели, особено за поттикнување идеи и иновативни решенија преку приближување кон design-thinking методологијата, воспоставување заедница на најдобри практичари и меѓусекторска соработка;
Да се создаде трајна мрежа на институции кои можат да соработуваат во рамките на активностите за поддршка на циркуларна економија за МСП во туристичкиот сектор;
Да се промовира размената на практики и резултати на ниво на ЕУ во рамките на мрежата на кружни економии на засегнати страни и развој на оперативна рамка за реплицирање на шемата за поддршка на бизнисот на друго место “.
Специфични цели
WP1
Рамковен развој за Циркуларна Економија за градење на капацитетите на МСП во туристичкиот сектор
WP2
Градење на капацитети на 68 МСП-а финансиски поддржани во проектот
WP3
Акцелерација: идеација, навлегување и развој на одржливи решенија усвоени од МСП-а кои се фокусираат на: отпадот во секторот храна, понуди без пластика и преиспитување на пакувањето, како и на колаборативна потрошувачка
WP4
Имплементација, евалуација, адаптација на МСП-а за спроведување пилот-проект за усогласеност со сертификација, дефинирање и договори во синџирот на снабдување, како и адаптација на процесите и производите
WP5
Управување со квалитет на проектот и ефективно вклучување на 68-те МСП-а дистрибуирани во 5-те земји-фокуси / региони
WP6
Комуникација и дисеминација на проектот надвор од целната група
Целни групи
-
68 МСП-а во туристичкиот сектор распределени меѓу 5-те фокус-земји / региони во Италија (18), Шпанија (14), Молдавија (12), Северна Македонија (12), Грција (12)
-
Локалните власти, секторски организации, контактирани од членовите на Конзорциумот
-
Широк спектар на засегнати страни вклучени во обуки, образование, претприемништво и поддршка на иновациите на локално, регионално, национално и ниво на ЕУ